Магазин

Пушењето за време на бременоста го зголемува ризикот од ненадејна смрт на бебињата

Студијата објавена во списанието ,,Педиатрикс” ги анализа податоците за пушењето за време на бременоста, објавени од американскиот Центар за контрола и превенција на болести и за превенција на родени и починати новороденчиња во периодот меѓу 2007 и 2011 година и откриле дека ризикот од смрт се зголемува за 0,07 за секоја дополнителна цигара, пишува Си-ен-ен.

Во моментот кога ќе испушите кутија цигари, ризикот од неочекувана ненадејна смрт на бебето е тројно зголемен во споредба со децата на непушачите.

,,Една од најмоќните и најважните резултати кои ќе ги издвојам од истражувањето е дека дури и пушењето на една или две цигари делувале на ненадејна смрт на децата”, вели пулмологот, Седрик Џејми Рутланд.

Водечкиот автор на студијата, Татјана Андерсон, вели дека секоја цигара е важна.

,,Лекарите бо требало да разговараат со своите пациенти и да им велат:,,Слушајте, треба да престанете. На тој начин само ќе ги намалите шансите за смрт на новороденчето. Ако не можете, секоја цигара која ќе ја намалите може да ви помогне”.

Синдромот на ненајдена смрт на новороденчињата, познат како СИДС, беше застрашувачка и необјаснива појава за родителите со децении, додека студиите не ја утврдија врската меѓу положбата на спиење на бебето и ненадејната смрт. Ако бебето на возраст до една година спие на стомак, ризикот од СИДС е двојно поголем, наведува Американската академија за педијатрија.Стапката на смртност се намали за 50 проценти, кога родителите почна да се ставаат бебињата да спијат на грб.

Нови вести

Како се изработуваше фустанoт на Тамара

Igor

Во Индија убиени 11 тигри заради ритуали

Igor

Тестовите на 5Г интернет-брзната ги уриваат ограничувањата

Valentina