April 21, 2019 20:37
Свет

Путин ќе го укинува задолжителното служење воен рок

Рускиот претседател Владимир Путин изјави дека порано или подоцна повикот за служење воен рок ќе стане минато.

Тој смета дека професионалната војска е потребна поради сложеноста на воената техника и задачите кои се наоѓаат пред неа.

Сепак, Путин забележал дека некои држави не преминале целосно на професионална војска, бидејќи војниците секогаш имаат задачи кои не бараат големи квалификации.

Одговарајќи на прашањето дали е предвидено одложување на повикот за војска за млади експерти кои работат во веселенската сфера, шефот на руската држава потсети дека Министерството за одбрана има научни единици и специјални центри во кои тие можат да служат, без губење на квалификациите. Тој нагласи дека на такви должности доаѓаат пет луѓе за едно место.

Путин потсетува и дека воениот рок во Русија моментно е минимален.

Нови вести

Мистеријата решена, пронајдени таткото и ќерката од фотографијата пред Нотр Дам

Filip

Почит за пожарникарите кои го гаснеја пожарот во Нотр Дам

Filip

(Видео) Светските знаменитости во боите на Франција

Igor