December 2, 2022 10:43
Свет

Путин со нова наредба: Нуклеарната централа „Запорожје“ да биде ставена под руска контрола

Рускиот претседател Владимир Путин нареди нуклеарната централа „Запорожје“ да биде ставена под руска контрола, пренесуваат медиумите во регионот.

Во декретот, на Владата на Русија ѝ се наложува: а) да обезбеди усвојување на федерална сопственост на објектите за користење на атомската енергија на нуклеарната централа „Запорожје“ и други средства неопходни за спроведување на нејзините активности; б) да преземе мерки за создавање  федерално државно унитарно претпријатие „Запорошка нуклеарна централа “ со цел безбедност на капацитетите за атомска енергија на нуклеарната централа „Запорожје“.

Путин според написите потпишал и указ за објавување на текстот на Уставот на земјата со амандмани по спојувањето на Луганската и Доњецката народна република, Херсонската и Запорожската Област на Русија. Документот е објавен во средата на официјалниот интернет портал за правни информации. Уредбите ќе стапат на сила на денот на потпишувањето, 5 октомври, додаваат агенциите.

На 30 септември рускиот претседател им се обрати на граѓаните по референдумот во ДНР, ЛНР, Херсон и Запорожје, по што потпиша договори со шефовите на двата региона за прием на регионите во Русија.

Нуклеарната централа „Запорожје“ се наоѓа на левиот брег на реката Днепар, во близина на градот Енергодар. Таа е најголемата нуклеарна централа во Европа по бројот на единици и капацитет.