June 21, 2021 17:46
Свет

Путин со експресна наредба до руската гарда, по вооружениот напад во Казањ

По пукањето во училиштето во Казањ (република Татарстан), веднаш реагираше рускиот претседател Владимир Путин, наредувајќи му на началникот на руската гарда да изготви нова регулатива за видовите оружје дозволени за цивилен промет.

„Рускиот претседател ѝ наложи на владата да обезбеди помош и медицинска и психолошка поткрепа за повредените, ранети деца и да им ја обезбеди потребната помош на семејствата на жртвите“, рече портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, додавајќи дека на руската гарда ѝ е издадено посебно упатство за донесување на нова регулатива за видовите оружја што може да се набават во цивилниот промет, објави „Индипендент“.

Најмалку 11 лица загинаа во пукањето што утрово се случи во училиште во рускиот град Казањ. Министерството за внатрешни работи на Татарстан соопшти дека напаѓачите имале експлозивни направи и автоматско оружје.

Претходно беше објавено дека се убиени наставник и најмалку осум ученици.

Други 32 лица се повредени, од кои 12 деца и едно возрасно лице се пренесени во болница.

AnimeFreak animefreak attack on titan: Attack on Titan Final Season (Dub) Episode 16

AnimeHeaven anime heaven site: Watch Naruto Episode 166 (https://animeheaven.pro/m/wyEo/ep-166)