December 1, 2020 09:43
Свет

Путин: Се работи и на трета руска вакцина, масовна вакцинација до крајот на годинава

Рускиот претседател Владимир Путин денеска изјави дека руските вакцини против Ковид-19 се безбедни и ефикасни.

„Најважно е дека вакцината мора да биде безбедна и ефикасна. Двете од овие барања се исполнети и во двата случаја”, рече Путин и додаде дека на пат е и трета.

Рускиот претседател истакна дека очекува масовната вакцинација во Русија да започне до крајот на 2020 година, пренесе агенцијата „Тасс“.

„Вакцината ќе биде доставена до сите региони. Се надевам дека ќе можеме да започнеме масовна вакцинација до крајот на годинава“, рече тој на инвестицискиот форум „Русија повикува“.

Првата земја што ја добила руската вакцина е Белорусија, додаде Путин.