April 21, 2021 01:13
Свет

Путин: Руските вакцини се ефикасни и против новите видови коронавирус

Претседателот Владимир Путин денес изјави дека руските вакцини се исто така ефикасни против новите видови коронавирус кои се шират во Европа.

Тој на средбата со директорката на Федералната медицинско-биолошка агенција, Вероника Скворцова, рече дека руските вакцини се ефикасни против новите видови на коронавирусот кои денес ги плашат сите во Европа, и не само во Европа, пренесува РИА новости.

Скворцова изјави дека досега во Русија се идентификувани 3,5 илјади мутации на коронавирусот, но таа истакна дека сите се еднонуклеотидни и немаат никакво значење за вирусот како целина, освен седум мутации, чија фреквенција надминува 5 проценти во човечката популација.

Во Русија во моментов има три вакцини против Ковид-19 и тоа „спутник В“, „епивакорона“ и „ковивак“.