November 14, 2019 13:30
Свет

Путин: Русија може да игра клучна улога на Блискиот исток

Рускиот претседател Владимир Путин ги повика САД, Израел и Иран да ги надминат несогласувањата и да ги заживеат разговорите за нуклеарната програма на Техеран.

Тој потенцира дека не е соодветно да се носат еднострани одлуки за тоа дали Иран ги исполнува своите обврски од нуклеарниот договор.

– Такво нешто треба да провери неутрална страна, како што е Меѓународната агенција за атомска енергија, рече Путин во интервју за медиуми на арапски јазик.

Тој истакна дека по повлекувањето на САД од нуклеарниот договор и повторното воведување санкции за Техеран, не е изненадувачки што Иран одлучи да ги прекине своите обврски согласно документот, но дека би било подобро да се придржуваат кон нив.

Путин рече дека Русија може да игра клучна улога на Блискиот исток затоа што има добри односи со Иран и арапскиот свет. Тој изјави дека никој во Саудиска Арабија или Обединетите Арапски Емирати не сака судир со Иран.

Рускиот претседател изјави дека официјална Москва има „многу пријателски врски” со саудискиот принц Мохамед бин Салман и дека размислува за нови инвестиции во Саудиска Арабија.

Тој додаде дека Русија, исто така, работи на создавање слободна трговска зона со Израел и Египет, како онаа што ја има со Иран.

Нови вести

Бројот на загинати во протестите во Боливија се искачи на 10

zane

Ердоган лично му го вратил скандалозното писмо на Трамп

zane

Воени кучиња во Австрија го убиле водичот на кучиња

zane