November 19, 2019 02:11
Свет

Путин: Разговорите со Украина за размена на затвореници се во завршна фаза

Претседателот на Русија, Владимир Путин, изјави дека разговорите со Украина за размена на затвореници се во завршна фаза.

Говорејќи на економси форум во Владивосток, Путин рекол дека размената на затвореници меѓу Москва и Киев би можела да биде чекор кон нормализирање на односите меѓу двете земји.

„Се приближуваме до крајот на преговорите“, рекол Путин. Тој додал дека размената ќе биде огромна и дека датумот набргу ќе биде познат.

„Тоа ќе значи нормализација на нашите односи. Тоа е неизбежно. Ние сме два дела на ист народ“, рекол тој.

Претседателот на Украина, Володомир Зеленски, на крајот на јули ѝ предложи на Русија размена на украинскиот режисер Олег Сенцов, осуден на 20 години затвор во Москва, за украинско-рускиот новинар Кирил Вишински, кому му се суди за предавство во Киев.

Минатата недела Украина неочекувано условно го ослободи Вишински, кој беше во притвор повеќе од една година. Медиумите во двете земји пишуваат дека е можна размена по 30 затвореници од двете страни и дека би можело меѓу нив да се и 24 припадници на Воената морнарица на Украина, кои се заробени во Русија, која го заплени нивниот патролен брод во ноември лани.

Нови вести

Хутите киднапирале три бродови во Црвеното Море

Filip

ОН: Нападот во Триполи е воено злосторство

Filip

Демонстрантите во Ирак ги блокираа сите патишта кон главното пристаниште

Filip