March 30, 2020 06:43
Свет

Путин: Потребен е заеднички план за поддршка на економијата

– Рускиот претседател Владимир Путин денеска на виртуелниот самит на Г20 изјави дека на земјите учеснички им е потребен заеднички план за поддршка на економијата по избувнувањето на пандемијата на коронавирусот и предложи мораториум за санкции поврзани со основните производи.

Путин предложи создавање на посебен фонд под контрола на Меѓународниот монетарен фонд за да им се помогне на земјите погодени од пандемијата.

– На сите, ако зборуваме за Г20 како целина, ни треба заеднички акционен план за стабилизирање на ситуацијата, поддршка на економијата и враќање на довербата на светските пазари, рече рускиот претседател на самитот.

– Сега генерално итно треба да обезбедиме пристап до финансирање за земји на кои им се потребни ресурси, особено за земјите погодени од кризата и пандемијата, рече Путин.

Тој рече дека коронавирусот ќе предизвика посериозни проблеми отколку што направи финансиската криза во 2008 и 2009 година.

Претседателот на Русија изјави дека невработеноста го надминала нивото од 2009 година, како резултат на развојот на ситуацијата поврзана со ширењето на коронавирусот.