November 25, 2020 00:26
Свет

Путин не исклучува во иднина воен сојуз со Кина

Рускиот претседател Владимир Путин изјави денес дека нема потреба од руско-кинески воен сојуз сега, но дека може да се склучи во иднина.

– Нам (сојузот со Кина) не ни треба, но теоретски, сосема е можно да се замисли, рече Путин на прашањето за можноста за воен сојуз меѓу Москва и Пекинг, за време на видео-конференција со меѓународни експерти за надворешна политика.

Изјавата на Путин укажува на продлабочување на врските меѓу Москва и Пекинг, во време на растечки тензии во односите меѓу двете сили и САД.

Русија и Кина развија „стратешко партнерство”, но досега ја исклучија можноста за формирање воен сојуз.

Путин потсети на заедничките воени вежби на Русија и Кина, и додаде дека Москва споделува воени технологии што значително придонеле за зајакнување на кинескиот воен потенцијал.