December 7, 2022 20:53
Свет

Путин: Конфликтите во Украина и поранешниот СССР се резултат на распадот на Советскиот Сојуз

Рускиот претседател Владимир Путин нагласи денеска дека конфликтите во земјите од поранешниот СССР, вклучително и Украина, се резултат на распадот на Советскиот Сојуз.

„Доволно е да се погледне што се случува сега меѓу Русија и Украина и што се случува на границите на некои други земји од ЗНД. Сето ова, се разбира, е резултат на распадот на Советскиот Сојуз”, рече Путин.

Ова го изјави Путин на телевизискиот состанок со шефовите на разузнавачките служби на поранешните советски земји, јавија западни медиуми.