January 30, 2023 02:09
Свет

Путин го потпиша законот за забрана на ЛГБТ-пропагандата

Рускиот претседател Владимир Путин потпиша закон со кој се забранува пропаганда на нетрадиционални сексуални односи, промена на полот и педофилија, се наведува во базата на податоци на долниот дом на рускиот парламент – државната Дума.

Направени се измени на законот за информации, информатички технологии и заштита на информации и други документи, пренесе ТАС.

Според новиот закон, ваквата пропаганда е целосно забранета на социјалните мрежи, медиумите, филмовите и рекламите, пренесе „Блиц.рс“.