Свет

Путин ги продолжи неработните денови во Русија до 30 април

Рускиот претседател Владимир Путин најави дека неработните денови ќе бидат продолжени до крајот на април, при што ќе се задржат платите, соопштија претставници на Кремљ.

Рускиот претседател рече дека заканата од новиот коронавирус останува, со тоа што врвот во светот и во Русија се уште не е достигнат.

На раководителите на одделни региони ќе им се дадат дополнителни овластувања, додаде Путин. Нивните информации ќе се испраќаат во Советот со цел Владата полесно да ја координира ситуацијата.