November 29, 2022 06:39
Свет

Путин ги потпиша указите за признавање на независноста на Хесонската и Запорошката област

Рускиот претседател Владимир Путин синоќа ги потпиша указите за признавање на регионите Керсон и Запорожје како независни територии.

„Во согласност со општо прифатените принципи и норми на меѓународното право, признавајќи го и потврдувајќи го принципот на еднаквост и самоопределување на народите, содржани во Повелбата на Обединетите нации, земајќи ја предвид волјата на народот на регионот Херсон во референдумот одржан на 27 септември 2022 година одлучувам: Да се признае суверенитетот и независноста на областа Херсон”, се наведува во документот што Путин го потпиша.

Вториот декрет, со истата содржина, зборува за признавање на суверенитетот и независноста на регионот Запорожје.