February 2, 2023 02:17
Свет

Путин: Во Украина се распоредени 150.000 руски резервисти

Русија распореди во Украина речиси половина од луѓето регрутирани во делумната мобилизација на резервистите, односно околу 150.000 војници, изјави денеска рускиот претседател Владимир Путин.

– Од 300.000 наши мобилизирани борци, наши луѓе, нашите бранители на татковината, 150.000 се во оперативната зона, рече Путин за време на состанок кој беше во живо пренесуван на телевизија.

Тој прецизираше дека од тој број, 77.000 резервисти биле директно распоредени во борбите. Путин призна дека конфликтот во Украина е „долг” и во исто време ги пофали „значајните резултати” во врска со анексијата на четири украински региони.

– Се разбира, тоа е долг процес, рече Путин на состанокот, пред да ја поздрави „појавата на нови територии” како „значаен резултат за Русија”.