November 28, 2021 05:46
Свет

Пукотници и експлозии во Бејрут, двајца загинати и седуммина повредени

Најмалку две лица загинаа, а седум се повредени во немирите кои избија во Бејрут за време на протестот против главниот судија во истрагата за минатогодишната експлозија во пристаништето на либанскиот главен град, објавија западните медиуми, повикувајќи се на неименуван извор од армијата.

За време на протестот дошло до оружен судир и пукотници, се огласија сирени, а возила на итна помош се упатиле кон местото на инцидентот.

Најмалку две експлозии се слушнале кога припадниците на либанската армија пристигнале на местото на настанот.

Пукотниците започнале кога приврзаниците и сојузниците на шиитската организација Хезболах се собрале да протестираат против главниот судија, на преминот меѓу христијанските и шиитско-муслиманските населби.

Војската соопшти дека врз демонстрантите е отворен оган додека се движеле кон Палатата на правдата за да учествуваат во протестот.

Според воениот извор, пукањето се случило во христијанскиот дел од градот, кога демонстрантите минувале низ улицата.

Очевидец изјавил дека забележал луѓе како пукаат кон демонстрантите од терасите на една зграда.

Претходно денеска, либанската телевизија Ал Џадид објави фотографии на кои се гледа како луѓето на улица бегаат и се обидуваат да најдат засолниште.

Хезболах и нивните сојузници повикаа на протест пред Палатата на правдата, барајќи смена на судијата Тарек Битар.

Либанскиот суд претходно ја отфрли тужбата против главниот истражител во истрагата за експлозијата во Бејрут во август минатата година, во која загинаа повеќе од 200 луѓе, и му дозволи да ја продолжи својата работа, покажуваат судските документи.

Истрагата за експлозијата беше прекината оваа недела откако поранешниот министер за финансии Али Хасан Халил и поранешниот министер за јавни работи Гази Зеитар поднесоа жалба.

Главниот судија Тарек Битар издаде налог за апсење на Халил.

AnimeTV: Pom Poko (Dub) anime episode Full online free at https://animetv.cc dragon ball super anime tv

AnimeDao: Ouran High School Host Club anime episode 26 online free at https://animedao.nl animedao food wars

Animepahe Watch anime online, English anime online HD

4Anime Watch anime online, English anime online HD

Watch KONOSUBA -God's blessing on this wonderful world! 2: God's Blessings on These Wonderful Works of Art! Episode Full