September 26, 2022 02:58
Свет

Пукање на албанска забава во Милано, едно лице загина друго е рането

Карабинерите уапсиле Албанец (34) под сомнение дека синоќа во Милано убил албански државјанин (23) и ранил друг (30) во ногата.

Пукањето и убиството се случиле синоќа во Милано за време на забава.

Според италијанските медиуми, убиецот и жртвите се албански државјани и биле на забава со други сонародници кога дошло до конфликтот.

После тоа, 34-годишникот пукал и убил едно лице, а ранил уште едно лице.

Тој е уапсен, а полицијата истражува како се случила трагедијата.

За време на расправија, која избила за време на забава, Албанец пукал во 30-годишен маж – исто така Албанец – ранувајќи го во потколеницата.

Присутните го опколиле напаѓачот кој испукал други истрели, од кои едниот погодил 23-годишен Албанец. Починал неколку часа подоцна во болница.

Повредениот е хоспитализиран, а напаѓачот кој бил удрен неколку пати од учесниците на забавата бил блокиран од карабинерите по што бил приведен,пренесе Телеграф.рс.