December 10, 2022 07:36
Свет

Пукање во градинка во Тајланд, има најмалку 28 загинати, меѓу нив и деца

Најмалку 28 лица се убиени во масовно пукање во североисточна тајландска провинција, изјави портпаролот на полицијата.

Полицијата соопшти дека меѓу жртвите има и деца и дека напаѓачот пукал и избодел деца и возрасни.

Мотивот за нападот се уште не е познат.

„Има најмалку 20 мртви, но информациите се уште пристигнуваат“, изјави за Ројтерс заменик-портпаролот на полицијата Архон Краитонг.

Пукањето се случило во градинка во Нонг Буа Ламфу. Полицијата соопшти дека меѓу убиените има и деца и дека сторителот е поранешен полицаец.

Потрагата по осомничениот е во тек, јавуваат агенциите.