December 7, 2022 21:54
Хроника

Пукање во Горно Лисиче, изрешетани два автомобили

На 05.10.2022 во 00.15 часот во Полициската станица Аеродром, Г.С.(46) од Скопје пријавил дека на 04.10.2022 околу 23.50 часот на ул.„Лисец”, додека управувал патничко возило „мерцедес”, со скопски регистарски ознаки, во кое било уште едно лице, патничко возило „шкода октавија”, со скопски регистарски ознаки ознаки, во кое било лице кое претходно му се заканувало, удрило во неговото возило и го оштетило.

Според пријавеното, набргу од другата страна се појавило и возило „фолксваген туарег”, а кога се обидел да избега слушнал истрели од огнено оружје кои, исто така, му го оштетиле возилото.

Еден час подоцна, пак, Ф.А. пријавил дека на улица Лисец”, додека неговиот брат И.Ј. управувал автомобил „шкода октавија” со огнено оружје било оштетено возилото.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.