Search

Пукањето во Ковачевиќ не од фудбалски побуди

Истрагата за причините поради кои е пукано во Атина кон поранешниот српски фудбалер Дарко Ковачевиќ, кој ја изршува технички функцијата во грчкиот прволигаш Олимпијакос треба да даде одговр кои и зошто го впериле оружјето кон првиот човек за скаутинг во клубот. Според првичните информации пукањето кон Ковачевиќ не било од фудбалски побуди.

Кон Ковачевиќ пред неговиот дом во предградието во Атина биле испукани куршуми кои не го погодиле, а „спорт24.гр“ Србинот завршил во болница поради повреда на коленото која ја здобил при падот во пукотницата. „Лефимерида“ објавувајќи дека по влегувањето на Ковачевиќ во својот автомобил, му се приближил автомобил „Смарт“, од кој кога се отворил прозорот Србинот го видел вперениот пиштолот и веднаш почнал да бега. Куршумите кон Ковачевиќ биле испукани од совозачкото седиште, па полицијата се сомнева дека во прашање биле двајца напаѓачи.

Полицијата вклучена во истрагата на вооружениот напад се сомнева во две сценарија. Првото е дека напаѓачот сакал само да го повреди Ковачевиќ, без трагични последици, а второто е дека сакал да му испрати порака. Има и сомнежи дека нападот го извршиле полицајци во добро испланирана акција за што сведочат и фотографиите од запалениот автомобил на напаѓачите, кој е пронајден на околу 700 метри од местото на пукотницата.

Ковачевиќ е надвор од животна опасност и има дадено изјава за полициските службеници. Грчките  медиуми тврдат дека причините за овој нападот дека немаат никаква поврзаност со фудбалот, па истрагата сега оди во сосема друг правец.

Од полицијата сметаат дека нападот бил добро организиран. Напаѓачите го следеле Ковачевиќ извесен период и чекале вистински момент кога да го извршат планираното сценарио. Напаѓачите точно знаеле кога Србинот ќе излезе од својот дом.

 

Треба да знаете
Последни објави