August 14, 2022 21:08
Спорт

ПСЖ има загуби од 200-300 милиони евра за сезоната 2021/22

Францускиот фудбалски шампион ПСЖ претрпи огромни загуби на крајот од сезоната 2021/22. Според „Л’Екип”, парижаните финансиската година ќе ја завршат со загуба од 200 до 300 милиони евра.

Воедно, Пари Сен-Жермен во сезоната 2020/21 веќе забележа загуба од 225 милиони евра.

Забележано е дека ситуацијата нема да се подобри ниту следната сезона, бидејќи во новата финансиска година клубот во билансот ќе го има напаѓачот со супердоговор Килијан Мбапе.

Сепак, во клубот не се вознемирени од оваа ситуација, а спортскиот директор Луис Кампос, летово има намера да го помине без скапи трансфери.

Претходно се дозна дека УЕФА ги разгледува финансиите на ПСЖ и може да се отвори случај против клубот доколку се утврдат прекршувања на финансискиот фер плеј.