September 26, 2022 00:58
Спорт

ПСЖ заработи неверојатни 700 милиони евра од Меси

Аргентинскиот фудбалски интернационалец Лионел Меси пристигна во ПСЖ како слободен играч од редовите на Барселона, каде ја мина целата своја кариера и се стекна со епитетот еден од најдобрите играчи на денешницата.

Меси откако јго мина периодот на адаптација меѓу „светците“ сезонава игра во препознатлив стил. Има постоигнато шест гола и осум асистенции на 11 меча, но ПСЖ има право да биде среќен затоа што од фудбалерот заработиле 700 милиони евра.

Меси има двегодишен договор со францускиот гигант, а директорот на ПСЖ, Марк Армстронг за медиумите кажа дека побарувачката е зголемена за 40 отсто.