April 6, 2020 04:33
Спорт

ПСЖ е финансиски најмоќниот клуб

Францускиот фудбалски шампион Пари Сен Жермен го замени Манчестер сити на врвот од листата со финансиски најмоќните клубови. Ова го тврди најновата анкета на „Soccerex Football Finance 100″.

Парижаните имаат финансиски индекс од 5.318, што е утврдено со вредноста на составот на клубот, материјалните средства и расположливите финансии, како и од потенцијалните инвестиции на сопствениците и нето-долгот.

Студијата покажува дека Пари Сен Жермен успеал да го намали својот долг за 70 милиони евра во минатата година, додека оној на Манчестер Сити е зголемен за 90 милиони евра.

Германскиот шампион Баерн Минхен ги комплетира првите три од најсилните финансиски клубови, додека англиски Тотенхем и шпански Реал Мадрид се другите во топ пет. Арсенал, Челзи, Ливерпул, Јувентус и Борусија (Дортмунд) се во првите 10.

Меѓу водечките клубови во Европа, Манчестер јунајтед бележи голем пад од осум позиции и сега е на 16-то место на листата.

Најголемо присуство меѓу најдобрите 100 клубови има Премиер лигата на Англија, која има 18 претставници, на второто место е американската МЛС лига со 17.

Студијата го сместува ФК Лос Анџелес на 18. место во светот, додека градскиот ривал Лос Анџелес Галакси е на 22-та позиција.