November 26, 2020 05:17
Спорт

ПСЖ без Икарди против Манчестер Јунајтед

Пари Сен Жермен ќе биде без својот аргентински напаѓач Мауро Икарди за првиот натпревар од групната фаза во Лигата на шампионите против Манчестер Јунајтед. Непријатната вест ја потврди парискиот тренер Томас Тухел.

Францускиот шампион ќе остане без Марко Верати, Маркињос и Џулијан Дракслер за неговиот натпревар во Лига 1 против Ним во петок. Нивното учество на натпреварот против Јунајтед е доведено во прашање.

– Имавме лоша среќа со овие играчи. Мауро Икарди се повреди минатата среда, откако ги оштети лигаментите на коленото. Не е премногу сериозно, но тој воопшто не тренираше и ќе го пропушти мечот со Ним, и секако натпреварот со Манчестер, рече Тухел.