June 18, 2019 17:16
Скопје

Прљаво казалиште“ и „Нокаут“ го запалија Аеродром

И покрај дождот, вчеравечер стотици граѓани се собраа во паркот „Авион“ за да го прослават 14-тиот роденден на Општина Аеродром, со концерт на групите „Нокаут“ и „Прљаво казалиште“. Тие со своите незаборавни хитови направија прекрасна атмосфера под отворено небо.

Ова е втора година по ред откако Општината почна да го слави роденденот на отворено со голема журка и целодневна забава за сите генерации. Така, попладнето илјадници граѓани уживаа во настапите на дечињата од градинките и училиштата од Општина Аеродром, како и на клубот „Аква денс“ и „Златните славејчиња“.

Во исто време, дел од учениците од основните училишта во Аеродром со своите училишни спортски клубови одржаа ревијални натпревари во кошарка, мал фудбал, бадмингтон и одбојка. Исто така, своите вештини ги покажаа и скејтерите од Општина Аеродром.

Целата забава имаше хуманитарен предзнак, а граѓаните уште еднаш како и многупати досега ја покажаа својата човечност. Општина Аеродром им се заблагодарува на сите компании што ја помогнаа организацијата на овој настан и што донираа за социјално ранливите категории граѓани, покажувајќи голема општествена одговорност.

Нови вести

Oпштина Кисела Вода со подршка за решавање на проблемот со центарот со зависници

Filip

Продолжува одличната соработка на Општина Чаир и ЈП “Паркови и зеленило”: Нови инвестиции за позелен Чаир

Igor

Општина Гази Баба: Просторот околу јамата во Хиподром е обезбеден со заштитна ограда

zane