Македонија

Професори, академици, интелектуалци со писмо му се заблагодарија на Вселенскиот Патријарх г. г. Вартоломеј

Ваша Сесветост, сепочитуван Татко на Православните и Вселенски Патријарх Г. Г. Вартоломеј, Ние, долу потпишаните граѓани, општествени, научни, просветни, здравствени, културни работници од повеќе сфери на општеството во Република Северна Македонија, со нескриена радост ја поздравуваме и силно Ви благодариме Вам и на членовите од Вашиот Свет Синод за Вашата историска одлука од 9 мај 2022 година. Според неа нашата возљубена Црква, нејзината свештена јерархија, клирот и народот, повеќе не се во шизма и раскол и во меѓународна изолација, туку во канонско и литургиско општење со Првопрестолната Мајка Црква, Вселенската Патријаршија, а преку неа и со сите останати помесни православни цркви. Истовремено, границите на црковната власт на нашиот Архиепископ, Неговото Блаженство г. г. Стефан и на нашиот Свет Синод се најпосле омеѓени и загарантирани, за што ние сме особено среќни. Со Вашата одлука се поплочува патот до зацврстување на добрите односи и знаците на заемно братољубие меѓу црковните достоинственици, свештенството и верниците од сите помесни цркви, како резултат на отстранувањето на расколот. Оваа одлука Ве преставува Вас како вистински Татко кој се бори за доброто на сите Православни и Архипастир кој се грижи за добриот поредок и успевањето на едната, света, соборна и апостолска Црква. Како просветлен Првојерарх на Великата Христова Црква, Вие храбро и трпеливо го понесовте крстот да бидете, според зборовите на Господ Исус Христос, „прв во служење на другите“ (Сп. Мк. 9, 35) и достојно одговоривте на својот историски призив. На тој начин се уподобивте на своите славни претходници, големите патријарси на Константинополскиот престол. Ви благодариме особено и заради тоа што на нашата Црква ѝ го признавате легитимитетот како на духовна и преемствена наследница на древната и историска Охридска Архиепископија. За неа слободно може да се каже дека е срцето со кое пулсира духот на нашиот православен македонски народ и сите други граѓани кои се црквуваат во неа. За нејзиното возобновување се бореле поколенија и поколенија наши духовни и општествени дејци. Патем, како што некогаш древната Охридска Архиепископија била во силна духовна врска со Константинопол, така денес, со Вашето признавање, воскреснува и таа заемна врска со сечесниот Центар на Православието. Примањето на Охридската Архиепископија во канонско единство е чин со кој Вие изградивте одбранбен ѕид против агресивната политика за духовна колонизација на Балканот, спротивна на црковните канони и традициите на Православието. Ваша Сесветост, Вие се покажавте достоен сомолитвеник на Синот и Словото Божјо, кој во Својата првосвештеничка молитва во Гетсиманија, Го молеше Бога Отецот, „да бидат сите едно“ (Јн. 17, 21). Ние веруваме во Вашата мудрост и просветление, како и во мудроста и просветлението на нашиот почитуван и свет Архиепископ г. г. Стефан и на нашите свети архиереи и се надеваме дека наскоро ќе дојде до историското сослужение на Вселенскиот Патријарх со Охридскиот Архиепископ г. г. Стефан. Потем, со Господ напред, го очекуваме и конечното решавање на административниот статус на нашата Црква, а тоа е доделување на Томос за автокефалност од Ваша страна, бидејќи единствено Вселенскиот Патријарх има историско и канонско право да доделува автокефалност. Со тоа практично ќе се потврди црковниот суверенитет, како државотворност на нашата татковина и на верниот македонски народ и на сите граѓани во неа. Ви благодариме и Ви целиваме света десница! Скопје 14.05.2022 година Проф. д-р Марјан Ѓуровски с.р. Проректор на Универзитетот „Св. Климент Охридски“ – Битола Академик проф. д-р Вера Битракова Грозданова с.р. Македонска академија на науките и уметностите Проф. д-р Методи Чепреганов с.р. редовен професор во пензија, Медицински факултет, Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ – Скопје Проф. д-р Цане Мојаноски с.р. редовен професор во пензија, Универзитет „Св. Климент Охридски“ – Битола, поранешен Претседател на Комисијата за односи со верските заедници и религиозни групи Академик Газанфер Бајрам с.р. Потпретседател на Македонската академија на науките и уметностите Проф. д-р Зоран Матевски с.р. Филозофски факултет, Институт за социологија, Универзитет „Свети Кирил и Методиј“ – Скопје Генерал Мирослав Стојановски с.р. генерал потполковник во пензија, поранешен началник на Генералштабот на АРСМ Проф. д-р Татјана Стојановска Иванова с.р. Филозофски факултет, Институт за социологија, Универзитет „Свети Кирил и Методиј“ – Скопје Проф. д-р Драган Зајковски с.р. црковен историчар и медиевист, Институт за национална историја – Скопје Проф. д-р Борче Илиевски с.р. црковен историчар, Институт за национална историја – Скопје Проф. д-р Вера Стојчевска-Антиќ с.р. славист, редовен професор во пензија, Универзитет „Свети Кирил и Методиј“ – Скопје Проф. д-р Аспазија Софијанова с.р. Медицински факултет, Универзитет „Свети Кирил и Методиј“ – Скопје Проф. д-р Ацо Гирески с.р. редовен професор во

Animeflix - Watch your favorite anime online FREE.. Animeflix - your number one source for FREE anime, subbed and dubbed. Watch your favorite anime online FREE.

english dubbed anime Fairy Tail (Dub)

My Dress-Up Darling

anime flix JUJUTSU KAISEN (Dub)

english dubbed anime Kiss x Sis

One-Punch Man Episode 5