June 25, 2022 23:20
Македонија

Професионалните војници го ставија штрајкот во мирување

Независниот синдикат на професионални војници на Македонија го стави најавениот штрајк пред Владата во мирувањe.

Синдикатoт денеска соопшти дека на вчерашната средба со министерката за одбрана Славјанка Петровска позитивно е утврден текстот за Предлог законот, како резултат на добриот социјален дијалог со министерката и со МО, во изнаоѓање решенија за сите отворени прашања кои ги засегаат професионалните војници и сите припадници на Армијата.

Како што стои во соопштението, поголем дел од решенијата биле прифатени со кои се решаваат проблеми наталожени со години и значат подобрување на условите за работа и пензионирање на припадниците.

– Професионалните војници добија надоместок за станарина уште од првиот договор за вработување, а не како досега после 4-та година од вработувањето, како и пензионирање по поповолните услови без оглед во кој орган ќе бидат превземени. Беше договорена исплата на 100 проценти од висината на основната плата за боледување на активниот воен персонал, се појаснува од соопштението од претседател на НСПВ СО Скопје, Александар Насковски.

Најавено е и отворање нова можност за ангажирање на професионалните војници во системот за управување со кризи и како обезбедување на критичната инфраструктура, со можност за пензионирање со условите за активен воен персонал, како и зголемување на границата за курс за подофицери до 45 година.

– Прифатено е и барањето на синдикатите отпремнината за професионалните војници да важи и за ПФВ кои не се превземени односно останале во МО. Ние како Независен синдикат на професионални војници СО Скопје (НСПВ СО Скопје) го поздравуваме ваквиот начин на соработка и решавање на проблемите, со цел подобрување на правата на припадниците на Армијата, се посочува во соопштението.

https://go88.gg/

sunwin hỗ trợ sunwin 4050 cm cnc laser engraver sunwin ăn tiền