March 3, 2021 04:18
Балкан

Протиќ: Власта во Србија намерно ги опструира евроинтеграциите

Поранешниот амбасадор на Сојузна Република Југославија и Србија во САД и Швајцарија, Милан Ст. Протиќ изјави денес дека сегашната власт намерно го попречува процесот на пристапување на Србија во Европската унија (ЕУ).

Во интервју за агенцијата Бета, Протиќ рече дека не е изненадување што Србија во последните година и пол нема отворено ниту едно преговорачко поглавје на патот на евроинтеграциите .

-Србија не се обиде да ги исполни пропишаните услови за отворање на поглавјетата, па епилогот мораше да биде таков. Она што е клучен елемент во пристапувањето на Србија во ЕУ, а се однесува на нормализирање на односите со Приштина, исто така тапка во место подолго време, оцени поранешниот амбасадор, кој додаде дека оваа „состојба на работите” им одговара и на двете страни, и наСрбија и на ЕУ.

-Презаситена од внатрешни предизвици, ЕУ во моментов не е подготвена за проширување. Актуелната власт во Србија не е премногу импресионирана од членството во ЕУ. Оттука и оваа статус кво состојба, кажа Протиќ.

На прашањето од Бета како го коментира фактот дека од 2016 година Србија нема исполноте ниту една препорака на Европската комисија кога станува збор за условите за членството во ЕУ, Протиќ кажа дека сегашната власт никогаш не била искрена во својата посветеност кон ЕУ .

-Уште помалку, таа вистински верува во принципите врз кои се заснова ЕУ. Демократските принципи, поимот индивидуална слобода и корпусот на човековите права и се туѓи. Таа не верува во променливоста на власта и во рамноправни избори, оцени тој.

Протиќ смета дека власта во Србија би била „најсреќна” доколку не постои опозиција и ако сите медиуми се единствени во поддршка на нивната власт.

-Тоа олицетворува едно авторитарно искуство на политиката, економијата и националните интереси. Едноставно не толерира никакви или какви било спротивставени мислења. Различниот став, јавно изразен, се толкува како акт на непријателство и субверзија што мора да се замолчи со сите расположиви средства, објасни поранешниот српски дипломат.

На прашањето дали властите во Србија практично се откажале од прокламираната цел да ја подготват Србија за членство во ЕУ, Протиќ кажа дека тоа никогаш не било нивна цел.

-Тие ја прокламираа таа цел во 2012 година за да ја да освојат и да ја заземат власта. Сè после тоа беше лош театар. Типична властодржечка мимикрија. Всушност, сите тие се анти-Европејци, од незнаење, од сложеноста и од предрасуди, изјави Протиќ.

Тој посочи дека Европа е напорен и тежок концепт кој подразбира 3.000 години траење, достигнувања, неуспеси, неверојатни успеси и непростливи грешки.

На прашањето дали очекува исчекор годинава кога станува збор за евроинтеграциите на Србија, Протиќ кажа дека не е оптимист.

„И ако има напредок, тоа ќе биде симболично,” оцени тој.

-ЕУ претрпе сериозен удар со излегувањето на Обединетото Кралство. Однесувањето на полските и унгарските власти очигледно не е во согласност со основните принципи на ЕУ. Одговорот на пандемијата на коронавирусот не е ниту убедлив, ниту решителен. ЕУ не се справува добро во време на криза. Таа е создадена за време на просперитет и дури тогаш

ги покажува сите свои доблести. Таа знае да плени, но не знае како да диктира, истакна поранешниот амбасадор.

Протиќ оцени дека се добива впечаток да Србија денес е поблиску до Пекинг и Москва отколку до Брисел.

Watch My Hero Academia Episode 13 (https://animeflix.nl/m/3v3/ep-13) at ANIMEFLIX animeflix haikyuu to the top

Watch Hortensia SAGA Episode 1 (https://animeplanet.cc/m/vx3K/ep-1) at website https://animeplanet.cc www anime planet com sign up