February 16, 2019 17:02
Македонија

Протест пред ОЈО против притворот на активистката Моника Ристеска

Протест пред ОЈО против притворот на активистката Моника Ристеска

Пред Основното јавно обвинителство во Скопје се одржа протест против притворањето на активистката за легализација на канабисот, Моника Ристеска.

На протестот се побара ослободување на Ристевска од притвор, но и легализирање на конопот за лична употреба.

Ристеска беше приведена вчера заради поседување 15 грама коноп и масло од коноп.

Адвокатот на Моника, Јанаки Митровски на денешниот протест порача дека не е задоволен што Ристевска е во притвор, а државата им допушта некои фирми да водат милионски бизниси.
Тој исто така порача дека ќе биде поднесена жалба со цел да биде изречена поблага казна.
-Ќе поднесам жалба до кривичниот совет мерката притвор да се замени со поблага мерка. Сметам дека аргументите се на наша страна, но праксата не ми остава простор за оптимизам – изјави тој.
На Моника и е изречена мерка протвор поради постоење опасност од бегство, повторување на делото и влијание на сведоци. Адвокатот Митровски рече и дека со здружението на граѓани кое го застапува работат на законски измени со кои би се декриминализирало уживањето во марихуана.

Related posts

Мијалков: Ги стегнав шиптариве, ги стегнав циганиве, по 400 гласови ќе дадат ДУИ и ДПА

24news

Амбасадорите на Канада во Скопје и Атина им честитаа на двете земји за Договорот

Daniela

Конференција за инклузијата на Ромите по завршувањето на ромската декада

Ivona