December 5, 2022 23:37
Свет

Протест на просветните работници, учениците и родителите во Будимпешта

Илјадници основци и средношколци, наставници и родители протестираа во центарот на Будимпешта за поддршка на просветните работници кои бараат повисоки плати.

Новите протести се и за поддршка на оние кои беа отпуштени поради учество во претходните протести..

Професорите скандираа: „Сакаме да предаваме” и повикаа на граѓанска непослушност во борбата за повисоки плати, вработување на доволен број просветни работници и право на штрајк. Денеска синдикатите повикаа на штрајк на просветните работници во Унгарија.

Унгарската Влада го ограничи правото на штрајк по протестот на наставниците во јануари оваа година.

Неколку професори минатата недела беа отпуштени од средно училиште во Будимпешта поради учество на протестот.

Унгарската економија следната година се движи кон рецесија, а инфлацијата е двоцифрена, додека владата најави дека ќе ги зголеми платите на наставниците кога Европската комисија ќе одобри финансирање за Унгарија.