February 3, 2023 21:17
Балкан

Протест на просветните работници во Србија против насилството во училиштата

Во 47 општини и градови низ Србија почна протестот на просветните работници, со што денеска настава не се одржува во 820 основни и средни училишта. Протест на просветните работници е со барање да прекинат сите форми на насилство во училиштата и наставниците да добијат статус на службено лице, јави дописникот на МИА од Белград.                                  Протестот „Стоп за насилството во училиштата“ го организира Синдикатот на просветните работници на Србија (УСПРС), како репрезентативен синдикат во образованието со околу 30.000 членови низ целата земја.                                                                                                                      -Ова е наш бунт и ова е наш отпор, на 1 декември нема настава, најави претседателката на Синдикатот на просветните работници Јасна Јанковиќ и посочи дека во претходниот период имало премногу случаи на насилство во училиштата – како врсничко насилство, така и насилство врз вработените.                                                                                                                    Просветните работници бараат итно да почнат преговори за доделување статус на државни службеници на просветните работници. Непосредна причина за штрајкот е случајот со професорката по англиски јазик во Техничкото училиште во Трстеник, на која на 9 ноември учениците и го извлекле столчето на кое седела, по што паднала додека учениците сето тоа го снимале и се смееле. Потоа таа снимка ја објавија на социјалните мрежи. Виновниците во меѓувреме се суспендирани од училиштето.                                                                                        Министерот за образование Бранко Ружиќ оцени дека насилството меѓу учениците во Србија не е „драстично зголемено“ и дека целосниот прекин на наставата, кој денеска го најавија голем број училишта поради неодамнешните случаи на насилство, не е начин да се реши овој проблем. Ружиќ за телевизијата Хепи изјави дека според статистичките податоци, во 2019 година биле забележани 810 случаи на врсничко насилство, околу 400 во 2020 година поради онлајн часовите, минатата година околу 700 и околу 286 оваа година.                                              -Не би сакал да се занимавам со статистички податоци но кога ќе ги погледнеме статистиките некој бирократ би рекол дека тоа не е многу, рече министерот и потсети дека во Србија има околу 1.800 основни и средни училишта со околу 750.000 ученици.                                                    Коментирајќи го денешниот протест, министерот рече дека ова не е начин да се реши проблемот со врсничкото насилство, и дека целосното прекинување на работата во училиштата е „прекршување на законот“