Свет

Протест во Русија поради местото на изградба на катедрала

Неколку десетици луѓе се приведени денес на митингот во знак на протест поради предложената локација за изградба на катедрала во Екатеринбург, објави руското Министерство за јавна безбедност.

Според соопштението на Министерството за јавна безбедност, приведени се 33 лица, според ТАСС.

Од 13 мај, демонстрантите организираат неодобрени протести за да изразат незадоволство од предложената локација за изградба на катедралата.

Одлуката за изградба беше донесена во февруари 2019 година, и како што е наведено местото на градбата нема да биде на земјиште со историска знаменитост, туку на соседниот плоштад.

Катедралата Света Катерина се очекува да биде изградена до 2023 година, кога Екатеринбург ќе слави 300 години од основањето на градот.

Нови вести

Ирски министер за надворешни работи: ЕУ нема да му понуди на новиот британски премиер подобар договор

Igor

Меј: На 7 јуни поднесувам оставка (видео)

Igor

Избори за ЕП: Денеска гласаат во Чешка и во Ирска

Igor