August 15, 2022 18:58
Свет

Протест во Грузија по одложувањето на добивање кандидатура за членство во ЕУ

Десетици илјади луѓе протестираа синоќа во Тбилиси против политиката на грузиските власти по неуспехот на земјата да добие статус на кандидат за членство во Европската унија. Веејќи грузиски и европски знамиња, демонстрантите се собраа околу парламентот. Неколку проевропски организации и сите опозициски партии повикаа на демонстрации за да се зголеми притисокот врз власта која ја обвинуваат за авторитарност и влошување на односите со Брисел.

„Ние, народот на Грузија, бараме (премиерот) Иракли Гарибашвили да поднесе оставка и да се формира нова влада која ќе ги спроведе сите реформи што ги бара ЕУ”, рече еден од организаторите на протестот, додавајќи дека тие и даваат на владата рок од една недела да се исполни нивното барање..

Тбилиси поднесе барање за членство во ЕУ заедно со Украина и Молдавија, по почетокот на руската инвазија на Украина на 24 февруари. Сепак, лидерите на ЕУ во четвртокот одлучија да им доделат кандидатски статус на Украина и Молдавија и рекоа дека Грузија исто така ќе добие кандидатски статус, но само кога ќе се спроведат реформите.

Гарибашвили претходно изјави дека неговата влада е подготвена да ги исполни условите на ЕУ за што поскоро да добие кандидатски статус.

Европските власти како приоритети го наведоа прекин на политичката поларизација, напредок во слободата на медиумите и судски и изборните реформи.

tải sunwin

sunwin

tải sunwin

game sunwin game bài sunwin sunwin

tải sunwin