Македонија

Протести во Софија, националистите бараат оставка од Петков, ќе го укинел ветото на 24 мај

Два протестa се одржаа вечерва во центарот на Софија, јави порталот Експрес.мк, повикувајќи се на агенцијата БГНЕС.

Едниот е во одбрана на националниот интерес на Бугарија во Република Македонија и е најавен како митинг-концерт организиран од партијата ВМРО, а другиот го запре сообраќајот на жолтата калдрма пред зградата на Собранието. Тој е во организација на најмалата парламентарна партија Вазраждане и инсистира на оставка на Владата.

Приврзаниците на ВМРО во т.н „триаголник на моќта“ вееја бугарски знамиња со плакати: „Киро поднеси оставка“, „Мезија, Тракија, Македонија“, „Одбрани ја Бугарија“.

– Ова е предупредување за митинг. Имаме информации дека на 24 овој месец владата на Кирил Петков се подготвува да го укине ветото за почеток на преговорите за членство на Македонија во ЕУ. Доколку тоа се случи ќе го блокираме цела држава – рече Александар Сиди од ВМРО.

Тој категорично го осуди јазикот на омраза кон Бугарија „кај нашиот западен сосед“.

Според почесниот претседател на ВМРО, Красимир Каракачанов, Кирил Петков се надева дека со гласовите на ПП, ДБ и МРФ ќе падне ветото врз Скопје.

– Петков можеби е најнеуспешниот и најсмешниот премиер на Бугарија, но тој е оној кој најдобро ја користи ситуацијата. Се однесува како услужен персонал, а не како премиер на суверена држава – додаде Каракачанов.

На другиот крај од жолтите  плочки, околу споменикот на Цар Освободител, добро опремени поддржувачи на со плакати и знамиња бараа оставка од Владата и скандираа „НАТО надвор“.

Според нив, владата на Кирил Петков не успеала да управува со земјата и во последните месеци повеќе време потрошила на војната во Украина отколку на домашните проблеми во Бугарија. Од партијата на Костадин Костадинов изразија став дека Петков треба да си поднесе оставка, да се одржат нови избори и потоа да почне со заживување на Вазраждане согласно националните интереси на државата.

На споменикот пред Народното собрание беше закачен голем транспарент со натпис „Ја закопаа Бугарија“.

Поврзани вести

Нов инцидент од насилни Британци-украле такси во Ченто па направиле сообраќајка

Igor

Изминатите три дена 151 нов случај со Ковид-19

Igor

Петков: Неопходен е консензус со опозицијата, но многу е важно да продолжи конструктивниот дијалог со Македонија

Igor

4Anime - Watch English Anime Online For Free in HD | 4Anime.biz. 4Anime Watch high quality 1080p online anime with English subtitles. You can watch free anime movies and movies online at 4Anime. Just sit back and relax!

Komi Can’t Communicate Episode 3

4Anime Demon Slayer: Kimetsu no Yaiba Episode 17

4Anime Attack on Titan Season 3 Part 2 Episode 7

watch anime Dragon Ball Super (Dub)

4Anime Fairy Tail Episode 173