October 14, 2019 01:38
Свет

Протести во Словачка, за целосна забрана на абортусот

Десетина илјади луѓе маршираа на улиците на Братислава, главниот град на Словачка, барајќи целосна забрана на абортусот. Демонстрантите носеле транспаренти со натписи: „Човек е човек, без обзир на големината“ и „Оној кој убива неродено дете, ја убива иднината на нацијата“.

„Животот на секое човечко битие е непроценет, затоа мора да биде заштитен од зачетокот до природната смрт“ рекол еден од организаторите на протестот, кој го поддржа католичката црква.

Организаторите наведуваат дека на протестот се собрале околу 50.000 луѓе.

Законот за абортус во Словачка е полиберален во однос на земјите како Полска или Малта, кои по тоа прашање имаат најстроги закони во ЕУ и каде прекинот на бременоста е дозволен само во одделни случаи, како што е силување.

Во Словачка абортусот е легален до 12 недела од бременоста, како и до 24 недела од здравствени причини.

Конзервативните и пратениците од крајната десница се залагаат абортусот да се дозволи до шестата или осмата недела од бременоста или целосно да се забрани, а парламентот овој месец ќе започне дебата за нацрт законот за ограничување на абортусот.

Нови вести

Сириската војска доаѓа на помош на Курдите

Igor

(Видео) Девет лица загинаа во експлозија во кинески ресторан

Filip

Макрон повика на итен состанок на комитетот за одбрана поради Сирија

Filip