June 17, 2019 17:20
Економија

Просечна плата во јануари 24.517 денари

Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во јануари 2019 година изнесува 24.517 денари, објави Државниот завод за статистика.

Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во јануари годинава во однос на јануари 2018 година, бележи зголемување од два отсто.

Растото се должи, пред сѐ, на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во секторите дејности на здравствена и социјална заштита 9,6 отсто, рударство и вадење камен 8,3 отсто и образование 5,3 отсто.

Намалување на просечната месечна нето-плата во однос на претходниот месец, е забележано во секторите уметност, забава и рекреација  за 21,4 отсто, информации и комуникации 19,8 отсто и трговија на големо и трговија на мало, поправка на моторни возила и мотоцикли за 14,3 отсто.

Просечната месечна бруто-плата по вработен во јануари 2019 изнесува 36.386 денари и бележи зголемување од 3,3 отсто.

Нови вести

Откупот на праските без проблеми, првите шлепери стигнаа во Русија 

Igor

Интензивно се работи на регионалниот пат Штип-Радовиш, реконструкцијата ќе заврши во август

Igor

dm и VISA подаруваат ваучери од 500 денари

zane