August 10, 2020 23:36
Свет

Просечната возраст на пациентите во САД сега е за 15 години помала од пред неколку месеци

Новозаболените од коронавирус во САД сега се во просек за 15 години помлади од пациентите во раните фази на пандемија, потврди главниот американски епидемиолог Ентони Фаучи, имајќи ги предвид податоците за пациентите од Калифорнија, Аризона, Флорида и Тексас.

Повеќето од новите случаи се млади луѓе кои не ги почитувале мерките за социјална дистанца, пренесува Би-Би-Си.

-Просечната возраст на пациенти сега е 15 години помлада отколку што беше пред неколку месеци, особено во Њујорк, Њу Орлеанс и Чикаго, кажа Фаучи.

Гувернерот на Флорида, Род де Сантис, вчера изјави дека просечната возраст на пациентите на кои им е потребна хоспитализација е 33 години, додека во март претежно беа болни пациенти на возраст меѓу 50 и 60 години.