June 25, 2022 22:35
Свет

Проруски хакери нападнале сајтови на италијански државни институции

Проруски хакери нападнале интернет-страници на неколку италијански државни институции и министерства, соопшти денеска полицијата во Рим.

До 10 часот изутринава не беше можно да се пристапи до сајтовите на италијанското Министерство за надворешни работи и на Националната асоцијација на судии.

Нападот почнал околу 22 часот синоќа, а го извршила хакерската група „Килнет”, соопшти италијанската група за кибер-безбедност „Јарикс”.

Сличен напад имаше и на 11 мај, а минатата седмица полицијата соопшти дека нивните служби одбиле и кибер-напад на изборот за песна на Евровизија.

Полицијата и двата напади и ги припиша на групата „Килнет” и нејзината подгрупа „Легија”.