Свет

Проруските власти во Херсон планираат да побараат од Путин да го анектира регионот

Украинскиот регион Херсон, кој е под окупација на руските сили, планира да побара од рускиот претседател Владимир Путин да го припои кон Русија, објави руската новинска агенција ТАСС, цитирајќи тамошен официјален претставник на проруската администрација.

Заменик-претседателот на регионалната воена и цивилна администрација на Херсон, Кирил Стремусов, рече дека „градот Херсон е Русија” и дека „нема да се создаде Народна Република Херсон на територијата на Херсонската област, нема да има референдум”.

– Тоа ќе биде единствен декрет врз основа на барањето на раководството на Херсонската област до претседателот на Русија и ќе биде поднесено барање оваа област да се вклучи во полноправниот регион на Руската Федерација, рече Стремусов на прес-конференција.

Русија во април објави дека воспоставила целосна контрола врз регионот Херсон, кој е стратешки важен бидејќи е дел од копнената врска меѓу полуостровот Крим и сепаратистичките области во источна Украина поддржани од Русија.

Запрашан за можноста украинскиот регион да и се приклучи на Русија, тогаш Кремљ соопшти дека жителите мора сами да одлучуваат за својата судбина, додавајќи дека на таквите одлуки им треба јасна правна основа „како во случајот со Крим”.

Украинскиот полуостров Крим беше анектиран од Русија во 2014 година.

https://animeflix1.com/. Animeflix - your number one source for FREE anime, subbed and dubbed. Watch your favorite anime online FREE.

The Rising of the Shield Hero Episode 19

anime websites Attack on Titan Season 2 (Dub)

anime stream ANIMEFLIX Seirei Gensouki: Spirit Chronicles

watch anime free Dragon Ball Z

ANIMEFLIX Dragon Ball Super (Dub) Episode 126