January 25, 2020 13:26
Балкан

Пропадна школата за Хрвати и Срби во Вуковар, Норвежаните си ги бараат парите назад

Пилот проект наречен Интеркултурна школа Дунав – школа во Вуковар, која од останатите требало да се разликува по својот мултикултурен пристап, веќе замина во историјата, пишува хрватски „Индекс“ повикувајќи се на информации од Гласот на Славонија.

Идејата за училиште што требаше да биде пример за дијалог и интеграција меѓу хрватските и српските студенти се роди пред 16 години. Имено, Кралството Норвешка дало повеќе од еден милион евра за изградба и опрема на училиштето во населбата Борово.

Меѓутоа, бидејќи училиштето никогаш официјално не почнало со работа, Норвежаните минатата есен си ги побарале парите назад. Потоа, настанал проблем околу тоа кој точно треба да ги врати парите, имајќи предвид дека одлуката за основање на училиштето со експериментална програма ја донел Градскиот совет на Вуковар на крајот од 2016 година, но мосител на проектот било Министерството за наука и образование.

Дражен Кобашевиќ, шеф на Одделот за култура, образование, спорт, одбрана, социјална политика и граѓанско општество, изјавил дека Министерството потврдило оти парите им биле вратени на Норвежаните. Тој рекол дека се вратени околу 300.000 евра и дека проектот е готов.

Со тоа пропадна и можноста за создавање на првото училиште во Хрватска во кое ќе одат деца од хрватска, српска и сите други националности, со можност да научат за разликите меѓу нив, со цел да стекнат толеранција и меѓусебно почитување.

Нови вести

Харадинај: Косово e подготвено да ѝ помогне на Турција со оперативни единици на ФСК

Valentina

Сочувство за настраданите во Турција изразија Мета, Рама и Баша

Valentina

Србија анализа: 945 лажни вести на прва страница во неколку најтиражни весници за една година

Valentina