July 23, 2021 21:39
Хроника

Пронајденa малолетничката од Оризари што беше пријавена за исчезната

Среќен крај за семејството Николови има потрагата по нивната 15-годишна ќерка Наташа од кочанско Оризари, која во полицијата беше пријавена како исчезната.

Ноќеска пред полноќ таа се вратила во својот дом, по што е прекината акцијата за нејзино пронаоѓање, во која освен роднините и други граѓани, беа вклучени и дел од институциите.

– Ноќеска по 23 часот девојчето си дојде само, во релативно добра здравствена состојба, физички исцрпено, но без видливи траги на насилство или малтретирање. Сепак, поради неопходното закрепнување, во болницата во Кочани ја добива потребната лекарска грижа. Во име на смејството сакам да се заблагодарам на сите кои се вклучија и помогнаа во потрагата и вакви случаи воопшто да нема, истакна Драги Серафимов, роднина на исчезнатото девојче.

Од Локалната самоуправа на Кочани информираа дека во координација со водостопанската подружница „Брегалница” од Кочани вчера попладне била запрена водата во десниот магистрален канал, за да се истражува по целата негова должина. Центарот за управување со кризи и Министерството за внатрешни работи најавиле дека ќе испратат стотина припадници од специјалните единици за да се вклучат во потрагата, но рано утрово активностите се прекинати.

Се очекува во текот на денот полицијата да ја заврши истрагата и да излезе со официјално соопштение за случајот.

AnimeBee Watch english anime Online in HD for FREE. Mouse (Dub) Episode 12

KissAnime Watch anime online, English anime online HD. Master of Martial Hearts (Dub) Episode 5

AnimeFreak Watch anime online, English anime online HD. Watch Gintama: The Movie Episode Full

KissAnime Hub: https://hub.docker.com/u/kissanimemx