October 21, 2020 03:24
Хроника

Пронајдени 22 мигранти покрај пругата кај Гевгелија

На 16.09.2020 во 20.40 часот во Велес, покрај железничката пруга Гевгелија– Скопје, полициски службеници пронашле 22 лица мигранти, меѓу кои и двајца малолетници (10 од Бангладеш, седум од Пакистан и пет лица од Авганистан).

Тие биле предадени на полициски службеници од Регионалниот центар за гранични работи Југ и ќе бидат транспортирани во Транзитен центар Винојуг-Гевгелија.