August 13, 2022 17:07
Хроника

Пронајдени околу 400 грама кокаин, претреси во Скопје

На 21.06.2022 во Скопје, полициски службеници од Единицата за недозволена трговија при СВР Скопје го лишиле од слобода П.К.(31) од Скопје. При претреси на две локации кои ги користи тој, извршени со судска наредба, биле пронајдени и одземени околу 400 грама кокаин, таблети и дигитална вага.
П.К. бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.