December 5, 2021 12:13
Економија

Промоција на „Сликовницата на Халки“, изложба на илустрации и работилница по повод месецот на штедењето

Фестивалот за литература и илустрација за деца „Литера“ и Халкбанк АД Скопје, во октомври – месецот на штедењето, ја најавуваат промоцијата на ексклузивното издание „Сликовницата на Халки“.Сликовницата ќе биде промовирана утре (сабота, 23. октомври) во 12 часот во дворот на Музејот на град Скопје. Станува збор за ново книжевно дело кое нема да ги остави децата рамнодушни. Преку него ќе учат за другарството, за тоа колку е важно децата да ги прифаќаат другите деца, без разлика од каде доаѓаат, какви очи имаат или боја на кожата. Книгата има и силна инклузивна порака – сите деца се исти, без разлика дали се соочуват со одредени предизвици или или имаат посебни образовни потреби. Во приказната Халки ги поучува младите читатели и за важноста на читањето книги.

За важноста Халки да им се доближи на децата преку книга ќе зборува претставник од Халкбанк АД Скопје. Промотор на изданието ќе биде Сребра Ѓорѓијевска, новинар и претставник на Фестивалот за детска литература и илустрација „Литера“. Настанот ќе го модерира Александра Јуруковска.

Сликовницата ќе се продава исклучиво онлајн преку QR Код до галеријата Frida.mk. Собрананите средства целосно ќе бидат донирани на С.О.С Детско село. На промоцијата ќе се обрати и Националната координаторка на СОС Детско село Јулијана Накова Гапо, која ќе зборува за важноста и на индивидуалната и општествена фиантропија.

Во рамките на промоцијата, ќе биде отворена и изложбата со илустрациите од сликовницата, чиј автор е уметникот Трајче Попов.

Детската публика ќе може да се дружи и со Халки, а ќе биде организирана и ликовна работилница со креативниот тим на Центарот за визулена комуникација „Ефектива“, креатор на фестивалот „Литера“.