October 26, 2020 02:49
Економија Македонија

Промоција на павилниците за директна продажба на Факултетот за земјоделски науки и храна

 Продолжува промоцијата на двата правилника за директно снабдување што ги изготви Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ). Тие денеска ќе бидат претставени пред фармери, но и пред научната јавност на Факултетот за земјоделски науки и храна. Промоцијата почна минатата недела од Могила, а продолжи во Демир Хисар и Крушево. Целта на правилниците е да се овозможи легална продажба на домашни земјоделски производи, директно на фарма, кои обврзно, мора да ги исполнуваат критериумите за безбедност и хигиена.
Од АХВ за МИА велат дека промоцијата оваа недела ќе биде во Скопско. Правилниците утре ќе бидат образложени пред производители во Петровец и Студеничани.