December 2, 2022 10:00
Македонија

Промоција на медиумски стории избрани по распишаниот јавен повик на ЗНМ и Гете институт

Текстови и мултимедијални продукти, изработени од четири избрани новинарски екипи по двајца новинари, ќе бидат промовирани денеска, информираа од Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ).

Новинарските содржини се изработени во соработка и мониторирани од страна на тричленото жири во состав Анета Додевска, Филјана Кока и Теофил Блажевски.

ЗНМ и Гете – институт Скопје распишаа јавен повик за изработка на медиумски стории (текстови или мултимедијални продукти) на социјални теми преку кои ќе се поттикнат теми од јавен интерес во медиумите, а истовремено ќе поттикнат и меѓу редакциска солидарност во новинарската фела.

На промоцијата ќе се обратат Катрин Оствалд-Рихтер раководител на Гете-институт Скопје и  претседателот на Здружението на новинарите на Македонија, Младен Чадиковски.