June 26, 2022 04:27
Македонија

Промовиран современ линеарен акцелератор „Halcyon”, кој функционира на Онкологија, нема листа на чекање за зрачење

 Нов линеарен акцелератор од типот Varian, марка „Halcyon”, кој дава можност за прецизна и ефикасна радиотерапија, е промовиран денеска во Универзитетската клиника радиотерапија и онкологија. Акцелераторот веќе е во функција, достапен е за пациентите, обезбедува голема успешност во третманот на ракот и пократко е времето за подготовка на пациентот.

По тој повод Клиниката денеска ја посетија министерот за здравство Беким Сали и неговиот заменик Владимир Рендевски.

Директорот на Клиниката, Нино Васев истакна дека новиот акцелератор за радиотерапија го набави Министерството за здравство и тој во исто време е машина и компутер.

– Прецизноста на зрачењето ќе се зголеми драстично, машината работи двојно побрзо. Искористивме бункер го адаптиравме со сите најмодерни мерења. На Клиниката за онкологија не постои листа на чекање за зрачење, додаде д-р Васев.

Министерот Сали рече дека продолжуваат инвестициите за набавка на нова медицинска опрема и унапредување на работата на дијагностичките центри во државата.

– Акцелераторот е пуштен во клиничка употреба и со него се воведува нова техника на радиотерапија – волуметриска модулирана лачна терапија (ВМАТ), при што се опфаќа туморот и ризичниот простор околу него. Тоа што ја прави оваа техника подобра од другите е брзината на испорака на дозата што е пропишана од радиотерапевтот, а секако и таргетирањето е подобро во смисла на истородност на дозата во целниот волумен и поштеда на органите од ризик во околина на туморот. Оваа техника првпат се изведува и претставува синхронизирање со останатите радиотераписки центри во регионот и Европа, посочи Сали.

Додаде дека новата машина е обезбедена со средства од Министерство за здравство преку јавна набавка и е во вредност од 108 милиони денари, а со средства од Клиниката за онкологија е обезбедена адаптација на просторот, каде е сместен линеарниот ацелератор, изградба на бункер, ходници и друга апаратура.

Одговарајќи на новинарски прашања тој рече дека во текот на идниот месец планираат да го промовираат и да го пуштат во употреба вториот акцелератор во ГОБ „8 Септември”.  – Таму се работи интензивно, така што сметам дека сме на добар пат да можеме да одговориме навремено и квалитетно на сите потреби кои ги имаат граѓаните, истакна Сали.

Одговарајќи на новинарски прашања д-р Васев рече дека листа на чекање за зрачење немаат веќе три години, ниту за хемотерапија.

Посочи дека има зголемување на малигните болести од 3,6 отсто на европско ниво и додаде дека се залагаат машините во Градската општа болница „8 Септември” најитно што може да профункционираат. – За тоа ни треба и кадар, не е само машина туку треба шест обучени техничари, двојца физичари, веќе едниот специјализира, имаме докторка што ќе работи таму и уште еден доктор ќе ни треба таму за да може тој центар да функционира, додаде д-р Васев, одговарајќи на новинарски прашања.

https://go88.gg/

sunwin lô đề