October 26, 2021 01:23
Македонија

Промовирана поштенската марка посветена на 20-годишнината од Охридскиот договор

АД „Пошта на Северна Македонија” денеска ја промовира поштенската марка посветена на 20-годишнината од Охридскиот договор. Тиражот на издената поштенска марка е 6.000 примероци, а вредноста 72 денари.

Директорот на „Пошта”, Јани Макрадули истакна дека Охридскиот рамковен договор не само што стварноста ја погледна со поинакви очи, туку дефинираше нов начин на водењето политика во државата.

– Мојот почеток на парламентаризмот се врзува со Охридскиот рамковен договор, кога во 2001 година за жал сега починатиот Илија Филиповски влезе во тогашната широка владина коалиција, ја добив честа на мнозинска листа да станам пратеник и да чувтствувам една гордост дека тогаш припаѓав на една мала група на луѓе кои веруваа дека Охридскиот рамковен договор е шанса за нашата перспектива, за нашата европска иднина, наспроти минатото кое што тогаш е оптоварување. За жал, постојат некои рецидиви кои се уште сега ја кочат целата работа. Привилегија е од оваа перспектива на гледање што можам да потврдам дека успеавме, што не седевме во една комфорна позиција, туку навистина презедовме еден товар кој што по ниедна анкета во тој момент не беше баш преферирано да се направи, но чувствувавме дека тоа е не само решение кое во тој момент значење мир, стабилност и сигурност, но од оваа перспектива значи многу повеќе, рече Макрадули.

Првиот вицепремиер и министер за политички систем и односи меѓу заедниците, Артан Груби му се заблагодари на Макрадули што „Пошта” стана дел од групата од уште десетина други институции вклуени во одбележувањето на годишнината.

Watch Food Wars! The Third Plate Episode 12

The Ones Within (https://kissanime.mx/m/N6bM) Episode 12

Website https://gogoanime.be: Watch Ground Control to Psychoelectric Girl gogoanime Episode 12 watch anime

WCOStream - Watch anime online, English dub anime

Cakeresume: https://www.cakeresume.com/me/gogoanimebe

Metooo: https://www.metooo.io/u/kissanimemx