August 2, 2021 04:33
Култура

Промовирана книгата „Битолски хорологион” од проф. д-р Марјан Танушевски

„Битолски хорологион” е најново авторско дело на новинарот на МИА, Марјан Танушевски кое содржи 21 новинарска приказна од културната историја на Битола.

Книгата „Битолски хорологион” според промоторот м-р Љупчо Јаневски, директор на државната Агенција за поддршка и промоција на туризмот, претставува публикација напишана со флуентен јазик наменета за широк дијапазон на публика.

 По многу нешта авторското дело на д-р Марјан Танушевски може да биде искористено од туристите што го посетуваат градот, а одредените знаменитости да станат туристички атракции што не треба да се одминат. Сигурен сум дека книгата ќе ги мотивира читателите да ги посетат и да ги откријат Битола и Битолско на еден различен, личен начин, кој долго ќе остане во сеќавање, истакна Јаневски.

Освен м-р Јаневски, рецензент на книгата е и д-р Анета Шијакова, новинарка која нагласи дека „Битолски хорологион” од авторот д-р Марјан Танушевски е вредно истражувачко дело, кое не само што открива непознати или помалку познати моменти од историјата на Битола, туку на еден ненаметлив и модерен начин ги зачувува и ги става во една нова пишана ризница, која ќе биде интересно четиво и за генерациите што доаѓаат.

-Една од најголемите вредности на делото на Танушевски, што успева да ја истакне додадената вредност на историјата поврзана со Битола и да ја претстави во функција на нејзина туристичка промоција. Книгата е интересно четиво за генерациите што немаат време да читаат долго и нашироко, туку бараат кратко и концизно да ги восприемат најважните и најинтересните податоци за она што им се нуди. Токму таков е „Битолски хорологион” – како еден вид часовник, кој води сметка да понуди што повеќе во што пократко време, нагласи Шијакова.

Книгата „Битолски хорологион” е издание на МНД-Битола, поддржано од Општина Битола.

-Поддржавме авторски труд кој остава еден белег, белег на пулсот на живеењето на градот низ вековите. Самата книга обработува, социјални, економски, културни и низа други елементи и аспекти на живеењето на пулсот на животот на градот и остава еден исклучително значаен научен белег. Се радувам што промоцијата се прави токму денес на најдолгиот ден, којшто е симбол и на она што значи долго милениумско постоење на нашиот град, истакна во своето обраќање на промотивниот настан, градоначалничката на Општина Битола, м-р Наташа Петровска.

Содржината на книгата е конципирана во периодот 2020 и 2021 година, а изборот е направен од објавени новинарски стории и теми на авторот Танушевски во МИА.

-За изработка на книгата реализирани се бројни интервјуа, прочитани многу книги, монографии, анализирани фотографии, посети на институции. Инспирацијата беше водена од сончевиот часовник, хорологион изработен во 157 година во Хераклеја кој денес се чува во битолскиот Музеј, а за читателите се понудени и други реткости како што се ќерамичките светилки од 4 век пред нашата ера, историјатот за Офицерскиот дом, тајните на Тумбе Кафе и други новинарски стории објавени од МИА. Книгата има симболична врска со денешниот ден, летен солстициум – најдолгиот ден во годината, посочи авторот Танушевски.

AnimeBee Watch anime online, English anime online HD. Yugo The Negotiator (Dub) Episode 13

https://kissanime.mx boku no hero academia kissanime. Guomin Laogong Dai Huijia 3rd Season Episode 8

https://animeheaven.pro one piece anime heaven. Watch The Chocolate Picture Panic Show Episode Full

KissAnime Liveinternet: https://www.liveinternet.ru/users/kissanimemx/blog#post484576870