October 16, 2019 00:16
Култура

Промовирана  аудиокнигата „Ова не е крај“ посветена на Тоше Проески

Националниот сојуз на слепите на Република Северна Македонија денеска  ја промовираше аудиокнигата „Ова не е крај“ посветена на Тоше Проески, како и звучното месечно списание „Панорама“, кое е гласник на Сојузот за информирање на слепите и слабовидните лица од земјава и од регионот.
На промоцијата се обрати министерот за култура Хусни Исмаили кој меѓу другото рече: „Министерството за култура  со години ја поддржува издавачката дејност на Националниот сојуз на слепите на Република Северна Македонија зашто посветено работиме на спроведување на нашите политики за надминување на различностите, за кршење на бариерите, на намалување на границите и на разликите помеѓу луѓето од каков било вид“.

На свеченоста во Националниот сојуз на слепите, организирана по повод 15 Октомвр-Светскиот ден на Белиот стап се обрати претседателот на Сојузот, Жарко Селковски, а беа промовирани и последните броеви од списанието „Панорама“.

Нови вести

Со настап на Дејвид Торн и Фред Фрит почнува Скопскиот џез фестивал

Igor

Неда Арнериќ и Диме Илиев од „Исправи се Делфина” се сретнаа по 20 години во Битола

Valentina

Климатските промени разгореа дискусија меѓу младите на „Џифони Македонија“

zane